Азиските берзи денеска работеа неуедначено, по растот на Волстрит крајот на минатата недела, додека цените на… Азиските берзи денеска работеа неуедначено, по растот на Волстрит крајот на минатата недела, додека цените на нафтата пораснаа поради новите неизвесности околу ситуацијата на Блискиот Исток и безбедноста на поморските рути, пренесува Асошиејтед прес. Јапонскиот Никеи 225 го предводеше растот и зајакна два проценти, додека јужнокорејскиот Коспи порасна за 0,8 проценти. Хонгконшкиот Ханг Сенг доби 0,6 проценти, тајванскиот ТАИЕКС 1,8 проценти, додека австралискиот S&P/ASX 200 падна за 0,4 проценти.