Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Од развојот на „Алкалоид“ и улогата на пазарот на капитал до можностите што ги отвораат интернационализацијата, иновациите и новите технологии – ова беа дел од темите на специјалниот разговор со Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на 25. Конференција на Македонската берза.
Во рамките на програмскиот сегмент „Специјални говори/Интервју на бина“, Мукаетов учествуваше во разговорот насловен „Искуство на македонска Blue-Chip компанија“, модериран од Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје.
„Разговорот отвори повеќе теми поврзани со развојот на компаниите, улогата на пазарот на капитал, значењето на транспарентноста и можностите за раст и интернационализација.
Од 2006 година наваму консолидираните пласмани на „Алкалоид“ се зголемени речиси седумкратно.
„Меѓународната експанзија останува еден од клучните столбови на долгорочната стратегија на „Алкалоид“, кој денес има 27 подружници надвор од Македонија и пласира производи на повеќе од 50 пазари во светот.
Генералниот директор на „Алкалоид“ Живко Мукаетов.
„Генералниот директор на „Алкалоид“ Живко Мукаетов рече дека со подигнување на цените на енергенсите поскапеа материјалите и амбалажите.