ДПМНЕ може уште сто пати хистерично да го прогласува македонското земјоделство за препородено и успешна приказна, но покрај фактите на терен, секојдневните сведоштва и бројките од државната статистика се брутални, велат од Левица. Како што наведуваат, во првиот квартал од 2026 година вредноста на откупот од индивидуалните земјоделски производители се урнала за над 46,2%, а во вториот квартал е уште 15,1% под ланското ниво. На ова сега, додаваат од таму, се надоврзува уште поголем апсурд, односно, во август цените на средствата, услугите и инвестициите што влегуваат во земјоделското производство се за 7% повисоки, додека цените на земјоделскиот аутпут се за над 2% пониски од август 2025.