„Нептун“ влегува во нова фаза на развој со воспоставувањето на „Нептун Интернешнл“, обединувајќи ги своите операции во Албанија, Косово, Северна Македонија и Босна и Херцеговина во поинтегрирана регионална структура. Овој чекор претставува значајна етапа во развојот на компанијата, со цел да се обединат локалното познавање на пазарите со поголем регионален обем, споделени капацитети, повисоки оперативни стандарди и единствена стратешка насока На чело на оваа трансформација е Александрос Косенас, извршен директор на „Нептун Интернешнл“, кој зад себе има повеќе од 15 години лидерско искуство во „Нептун Албанија“. Во ова интервју тој зборува за причините за воспоставувањето на новата структура, амбицијата на компанијата да прерасне од малопродажен синџир во регионален дигитален лидер, како и за тоа што ова ново поглавје значи за потрошувачите, вработените, партнерите и идниот развој на „Нептун“.