„Политико“ потсетува дека по посетата на Зеленски, Вучиќ најави промена на текот на реката Ибар поради односот на приштинските власти кон српскиот народ во Косово и рушењето на српските куќи кај езерото Газивода.
„Ова предизвика остри реакции кај косовските власти, но и размена на обвинувања меѓу српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ и албанскиот премиер Еди Рама на платформата Икс На Украина, поради итноста од снабдување со оружје, српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ е поважен од прашањето за независноста на Косово, додека Вучиќ се надева дека преку поблиските односи со украинскиот лидер Володимир Зеленски ќе ги ублажи критиките од ЕУ пред претстојните избори, оценува балканскиот експерт Флоријан Бибер во анализа за бриселскиот портал „Политико“.