Италијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзината данска колешка Мете Фредериксен во заедничка изј Италијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзината данска колешка Мете Фредериксен во заедничка изјава предупредија на „неконтролираната миграција“ во Европа, повторно повикувајќи на формирање центри за мигранти надвор од Европската унија, со цел барателите на азил чии барања се одбиени да можат да бидат вратени во нивните матични земји. „Не ја прифаќаме неконтролираната имиграција во Европа и се залагаме за строги имиграциски политики, како во нашите земји, така и на европско ниво“, напиша денеска Фредериксен во објава на Инстаграм. „Никој не може да негира дека илегалната имиграција има негативно влијание врз нашите општества: зголемени стапки на криминал, поголем притисок врз јавните служби и нарушување на јавната доверба.“ „Особено е сериозно кога илегалните мигранти, кои немаат право на престој во нашите земји, вршат насилство и кривични дела, се вклучуваат во трговија со дрога или се одговорни за сексуално насилство“, додаде Фредериксен.