„Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ денес изјави дека Србија, поради исклучително тешката ситуација на местата на пожарите, го активирала Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, кој го отворил сателитскиот систем за следење на пожарите, и дека е испратено барање за ангажирање на авиони со поголем капацитет за носење вода, додека од Русија е побарана помош од голем противпожарен авион Илјушин-76. Дачиќ најави дека денес ситуацијата со пожарите е најтешка во Делиблатска пешчара, до чии делови не може да се пристапи со тешка механизација поради песокливиот терен.