Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека телевизиите Н1 и Нова С денес се полоши кон… Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека телевизиите Н1 и Нова С денес се полоши кон претставниците на власта отколку што беа пред шест месеци, наведувајќи дека тешко дека ќе гостува на нив, иако смета дека новиот сопственик ќе мора да се „приближи до мнозинскиот дел“ од публиката. „Дали јас ќе одам на Нова С и Н1? Тешко, затоа што се чувствувам лошо“, им кажа Вучиќ на новинарите при обиколката на новата зграда на Службата за итна помош при Домот на здравје во Куршумлија. Од една страна, како што наведе, има обврска да им се обрати на луѓето кои гледаат Н1 и Нова С и веруваат во „небулози и лаги“, додека од друга страна би се чувствувал како некој што направил нешто против своите три деца и целото семејство.