Повеќето партии и движења во Србија се изјаснија дали самостојно ќе учествуваат на вонредните парламентарни избори в недела, 25 октомври, или планираат да ја поддржат Студентската листа. Досега кандидатурата ја објави листата „Обединета Србија“, која ќе биде собрана околу актуелниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, и Српската напредна странка (СНС), како и „Студентската листа – Студентите победуваат“, односно листата предложена од студентското движење, кое во мај лани побара распишување вонредни избори. Бројни опозициски партии и локални движења објавија дека нема да учествуваат на изборите во корист на Студентската листа и дека ги ставаат на располагање сите свои ресурси на студентите.