Паралелно посочија дека Грција ќе продолжи „доследно и решително да дејствува за заштита на своите суверени права, зачувување на слободите на отвореното море“, како што се предвидени со меѓународното право на морето, како и за заштита на морската животна средина во согласност со меѓународното право.
„Потсетија и на грчката иницијатива за воспоставување национални морски паркови во Јонското и Егејското Море, што е „во целосна согласност со меѓународното право на морето и исклучиво во рамките на грчките територијални води“ Со претседателските декрети од 15 август, Турција прогласи два „национални морски паркови“ во североисточниот дел на Егејското море и Источниот Медитеран, кои се протегаат вон турските територијални води.