Областа Атика, поширокиот регион на Атина, Халкидики, делови од централна Грција и Пелопонез, западна Грција, регионалните единици Кавала и Еврос, островите Тасос и Евија, како и дел од островите во Јонското и Егејското Море, вклучително и Кикладите, се меѓу подрачјата во Грција за кои е активиран црвениот аларм за утре, односно се ставени во состојба Областа Атика, поширокиот регион на Атина, Халкидики, делови од централна Грција и Пелопонез, западна Грција, регионалните единици Кавала и Еврос, островите Тасос и Евија, како и дел од островите во Јонското и Егејското Море, вклучително и Кикладите, се меѓу подрачјата во Грција за кои е активиран црвениот аларм за утре, односно се ставени во состојба на мобилизација (Red Code) поради зголемена опасност од пожари, јави дописничката на МИА од Атина. Координативното тело за цивилна заштита при Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција попладнево одржа состанок во присуство на надлежниот министер Евангелос Турнас, кој посочил дека земјата влегува во нов циклус на особено тешки услови, со силни ветрови кои се очекува да зафатат голем дел од Грција во наредните денови. Во тој контекст, побарал максимална готовност и навремено распоредување на силите на терен, со цел да се намали времето на реакција, а во неговата изјава посочи дека „утрешниот ден е исклучително критичен“.