Претседателот на Движењето Самоопределување (ПС) и вршител на должноста премиер на Косово, Албин Курти, ги покани лидерите на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Демократската партија на Косово (ДПК) и Алијансата, на состанок со цел конституирање ње на институциите на Косово. За разлика од претходните повици, според косовски медиуми, овојпат Курти побарал заедничка средба со Љумир Абиџику од ДСК, Бедрим Хамза од ДПК и Адриан Џини од Алијансата. Курти досега одржа четири средби со лидерот на ДСК, како и една средба со претседателот на ДПК, но ниту една од нив не резултираше со успех.