Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во писмо до генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, побара… Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во писмо до генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, побара КФОР да го запре теророт врз Србите на Косово, нивниот прогон и отворањето на мостот на Ибар во Косовска Митровица, како и да обезбеди почитување на Бриселскиот договор. „Штотуку упатив писмо до генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и побарав КФОР, во согласност со Резолуцијата 1244 на ОН, да го запре теророт врз Србите, нивниот прогон, апсењата, уривањето куќи, како и отворањето на мостот на Ибар, а меѓународната заедница да преземе чекори за Приштина да ги спроведе клучните одредби од Бриселскиот договор од 2013 година“, објави Вучиќ на „Инстаграм“. Вучиќ истакна дека последните пет години трае непрекинат прогон врз српскиот народ на Косово и Метохија, „сето време со молчење или со благонаклонет однос од страна на меѓународната заедница“.