Сакам да ги уверам нашите сограѓани дека овојпат ќе се движиме уште побрзо во однос на финансирањето на активностите за обнова на уништените домови, секако, секогаш во рамките на важечката законска рамка, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на денешниот министерски состанок за мерките за обнова и поддршка на подрачјата погодени од пожарите во западниот дел Сакам да ги уверам нашите сограѓани дека овојпат ќе се движиме уште побрзо во однос на финансирањето на активностите за обнова на уништените домови, секако, секогаш во рамките на важечката законска рамка, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на денешниот министерски состанок за мерките за обнова и поддршка на подрачјата погодени од пожарите во западниот дел на областа Атика и истакна дека процените се дека зафатената површина е околу 11.100 хектари, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираа од кабинетот на Мицотакис, во фокусот на состанокот биле активностите за обнова на природната средина, заштитата од ерозија, државната помош за граѓаните и бизнисите, како и земјоделските обесштетувања во подрачјата погодени од пожарите. На состанокот било соопштено дека ќе важи суспензија на договорите за работа (со надомест од 534 евра месечно за три месеци) за вработените во погодените бизниси, како и шестмесечно одложување на плаќањето придонеси за социјално осигурување и даночните обврски за бизнисите и домаќинствата што претрпеле штети.