За жал, бидејќи во многу случаи имаме туристи кои доаѓаат од северните земји или од земји каде што не се соочиле со вакви температури, многу од нив не се соодветно подготвени, ниту во однос на облеката, ниту на обувките, за овие исклучително тешки и високи температури, вели во разговор со дописничката на МИА од Атина, За жал, бидејќи во многу случаи имаме туристи кои доаѓаат од северните земји или од земји каде што не се соочиле со вакви температури, многу од нив не се соодветно подготвени, ниту во однос на облеката, ниту на обувките, за овие исклучително тешки и високи температури, вели во разговор со дописничката на МИА од Атина, директорот за комуникации на грчкиот Црвен крст Константинос Гаврилидис, додека членови на организацијата, на туристите на влезот на Акропол им делат шишиња со ладна вода, капчиња и лепези. Топлотниот бран што ја зафати Грција и високите температури во Атина и овој пат не ги предомислија туристите и не ги одвратија од планот да го посетат Акропол, најзначајниот споменик во грчката метропола, а Црвениот крст, спроведе нова акција за поддршка и информирање на илјадниците посетители пред главната билетарница на Акропол. Дел од туристите пристигнуваат опремени со чадори, капчиња, мини вентилатори, шишиња со вода и удобна летна облека, велат дека очекувале високи температури, но и посочуваат дека тоа во никој случај не им влијаело за да размислат за откажување на посетата на Акропол.