Во врска со упадот на дронот во бугарскиот воздушен простор, министерката за надворешни работи на Бугарија,… Во врска со упадот на дронот во бугарскиот воздушен простор, министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова ја повикала амбасадорката на Украина во Бугарија, Олесја Илашчук, на состанок во тамошното МНР. Бугарското министерство прецизира дека средбата ќе се одржи во понеделник, бидејќи амбасадорот е надвор од земјата. Порано денес, премиерот на Бугарија, Румен Радев објави дека беспилотно летало влегло во нивниот воздушен простор и експлодирало на 100 метри во рамките на бугарската граница од правец на Романија.